Nature is our health
Monday, March 25, 2013
7 од најздравите билки и зачини
ЦИМЕТ
Најголеми бенефиции: за регулирање на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичари
Ставете половина лажичка цимет во овесна каша или зачинете го млекото и кафето со малкуцимет. Циметот е толку вкусен што никогаш не би ви паднало на ум дека поседува голема лековита моќ.
Освен што го регулира нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите, внесувањето на половина или четвртина лажичка цимет двапати дневно ги намалува и триглицеридите и нивото на холестерол со околу 30%.
Циметот има и антивоспалителни и антибактериски својства и се верува дека ефективно се бори со E. coli и други бактерии. Кај некои луѓе циметот ги намалува и симптомите на непријатната горушица.
ЃУМБИР
Најголеми бенефиции: против мачнини и болки во стомакот, за ублажување на симптомите на артритис
Неколку истражувања покажале дека ѓумбирот ја намалува болката и отекувањето кај лицата кои страдаат од артритис.
Ѓумбирот е особено полезен за намалување на мачнините и контролирање на нагоните за повраќање. Тој може да ги елиминира стомачните проблеми, а се смета и дека ја намалуваглавоболката предизвикана од мигрена.
ЖАЛФИЈА
Најголеми бенефиции: против болно грло, за зачувување на помнењето
Сварете си чај од жалфија ако имате проблеми со стомакот или ако ве вознемирува сувото и болно грло. Чајот од жалфија ги намалува болките во грлото.
Прелиминарните истражувања укажуваат дека жалфијата може да олесни дел од симптомите на Алцхајмеровата болест. Во друго истражување студентите кои примале екстракт од жалфија пред испит постигнале значително подобри резултати на тестовите за памтење, а кај нив се подобрило и расположението.
РУЗМАРИН
Најголеми бенефиции: ја подобрува концентрацијата и работата на мозокот
Рузмаринот е моќен антиоксиданс кој го зголемува протокот на крв кон мозокот и го заштитува мозокот од слободните радикали, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар и болести како Алцхајмеровата болест.
Оваа билка ја зголемува будноста и концентрацијата при што води до поефективно извршување на задачи кои се поврзани со помнење.
Рузмаринот често се користи за маринирање на месо и има добра причина за тоа. Тој содржи киселини и супстанции кои се борат против бактериите и го спречуваат расипувањето на месото, а и го прават готвеното месо поздраво.
Се верува и дека рузмаринот го стимулира имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја подобрува дигестијата на храната.
НАНЕ
Најголеми бенефиции: против болки во стомакот, за подобрување на варењето на храната
Традиционално чајот од нане се користи за ублажување на болките во стомакот, но нането истовремено ја подобрува и дигестијата на храната. Нането помага и при појава на дијареја, гасови во стомакот и синдром на нервозни црева.
Делотворниот ефект на нането може да дојде до израз и за намалување на нагоните за повраќање.
Често се користи за лекување на обична настинка, болки во грлото, проблеми со синусите и респираторни инфекции.
Маслото од нане може да помогне за намалување на главоболка, болка во мускулите или забоболка.
МАГДОНОС
Најголеми бенефиции: за силен имунитет, превенција од срцев удар
Магдоносот е неверојатно богат извор на витамини А и Ц, помага за зајакнување на имунитетот и е особено полезен во заштитата на кардиоваскуларниот систем.
Чајот од магдонос се користи и за олеснување на симптомите при појава на уринарни инфекции.
Џвакањето на магдонос го отстранува лошиот здив, а толчен магдонос надворешно се користи при појава на модринки.
КУРКУМА
Најголеми бенефиции: антиканцерогени својства
Куркума е зачинот кој му ја дава жолтата боја на карито, а најмногу се користи во индиската кујна и медицина. Во последниве години истражувањата сè почесто ја потврдуваат неговата моќ да се бори против ракот. Во неговиот состав влегуваат супстанции коишто го намалуваат растењето на туморите.
Испитувањата покажуваат дека овој зачин штити од рак на дебело црево и од меланом, најсмртоносната форма на рак на кожата.
Домашни рецепти за побрзо растење на коса
Маслиново масло.
Еднаш неделно ставете ѝ на косата маслиново масло и чувајте го околу 30 минути. Потоа нормално измијте ја косата.
Алое вера и мед.
Помешајте малку гел од алое вера и една лажица мед, смесата нанесете ја на главата. Почувајте ја околу 20 минути, измијте ја.
Кромид за здрава коса.
Исечкајте еден кромид и ставете го во шишето со шампон. Оставете го да стои 15 дена и почнете нормално да го користите шампонот. Ваквиот шампон не само што го забрзува растот туку дава неверојатен сјај.
Алое вера и кромид.
Направете си шампон од алое вера и кромид. Користете го 2 до 3 пати во неделата. За поголема ефикасност комбинирајте го со регенератор од рузмарин или од авокадо.
Сок од домати.
Сварете неколку домати, исцедете ги и со водата плакнете го шампонот.
Масло од рузмарин.
Во сад ставете половина шолја маслиново масло и сув рузмарин. Ваквиот состав малку подгрејте го на шпорет или во микробранова и убаво соединете го со толчник. Оставете ги да стојат неколку дена и почнете да ги користите како масло за масирање на скалпот.
За масажа...
Изматете едно јајце, во него капнете неколку капки маслиново масло и две лажици мед. Смесата нанесете ја на скалпот и масирајте.
Природни сокови за долго здравје
Потребен е само соковник и добра волја, па чашата на здравјето ќе биде и чаша на задоволство.
СОК ОД ЈАБОЛКО
Сокот од јаболко содржи пектин кој ги чисти црниот дроб и цревата и ја обновува цревната флора. Ги апсорбира отровите од цревата и со тоа го олеснува прочистувањето на крвта и кожата, а исто така го подобрува и излачувањето на мокрачната киселина. Благодарение на изобилното количество витамини и минерали, сокот од јаболко ги чува срцето и крвните садови и го намалува нивото на холестерол во крвта.
Сокот мора да биде 100% чист, без додаток на шеќер.
СОК ОД МОРКОВ
Сокот од морков содржи бета каротен, фолна киселина, витамини Ц, Б и Е (наречени уште и витамини на младоста), калиум, фосфор, магнезиум, калциум, па морковот е идеален помошник за зачувување на убавината на кожата, ноктите и косата. Богат е и со витамин А, кој го стимулира растот на клетките и нивната делба, ја нормализира размената на материите и хемиската рамнотежа во организмот, го зголемува имунитетот и го подобрува видот.
Препораки: Бидејќи во сокот од морков има доста шеќер, не треба да се пие во големи количини и најдобро е да се разреди во однос 1:1 со вода или со сок од друг зеленчук или овошје.
- За освежување на организмот: во соковник се цедат два моркова, едно јаболко и парче целер.
- За зајакнување на организмот: во соковник се цедат два моркова, две цвекла и еденлимон, а се додава малку магдонос, една лажичка сусам и една лажичка матичен млеч.
Се препорачува за пушачи за блокирање на канцерогените материи присутни во цигарата.
СОК ОД ДОМАТ
Сокот од домат содржи многу ликопен, кој штити од рак и од болести на срцето, но и ја штити кожата од штетните влијанија на УВ зрачењето. Исто така, содржи витамини Ц и Е, па се користи и за релаксација на нервите.
Се користи чист сок од домат или разреден во однос 1:2 (еден дел чист сок и два дела вода).
СОК ОД ЗЕЛКА
Листовите на зелката содржат калиум, сулфур, железо, калциум и селен, кои штитат од рак, но и делуваат позитивно на желудочната и цревната слузокожа и спречуваат појава на чир, а ако тој веќе постои, влијаат поволно. Сокот од зелка изобилува со витамини Ц, Б и Е и провитамин А.
Препораки: Сокот од зелка има силен вкус, па се препорачува да се консумира со сок од јаболко или морков. Сличен состав има и келот, па може да се користи како замена на зелката.
СОК ОД КОМПИР
Изобилува со витамини Ц, Б и К, како и со минерали калциум, калиум, железо и магнезиум. Поволно делува на органите за варење. Помага при хроничен гастрит, киселини, гасови, колитис, опстипација (нередовна столица).
Препораки: Може да се користи во комбинација со сок од зелка или морков. Важно е сокот од компир да се пие кога компирот е зрел и тоа од јули до февруари, бидејќи по тој период во ‘'ркулците и зелената лушпа се насобира отровна материја соланин.
СОК ОД ЦВЕКЛО
Содржи многу витамини и минерали, пред сè фосфор, калиум и сулфур, кои се битни за создавање на еритроцитите. Исто така содржи и магнезиум, па го зајакнува и нервниот систем. Поволно влијае на нарушен менструален циклус, климактерични тегоби, ревматизам ипокачен крвен притисок. Одлично го прочистува организмот од отровни материи.
Препораки: Сокот од цвекло треба да се чува во фрижидер 3 часа пред употреба, бидејќи содржи супстанци кои предизвикуваат мачнина, а со чување во фрижидер тие супстанци исчезнуваат. Се препорачува да се пие по една чаша сок од цвекло дневно и тоа навечер.
Комбинација на сок од цвекло, јаболко и лимон во однос 1:3:1 одлично му годи на секој организам.
Нејзиното височество водата
Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот.
Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор.
Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Еве дел од бенефициите кои пиењето вода ни ги носи за подобро здравје и попривлечен изглед:
- Водата ја зголемува енергија. Една од најчестите причини поради кои луѓето се чувствуваат изморени во текот на денот е дехидратацијата. Дури и најслабата дехидратација води до намалување на енергијата. Водата ѝ помага на крвта во транспортот на кислород и други материи до различните клетки во телото. Па, кога телото има доволно вода, нивото на енергија е поголемо.
- Водата го забрзува метаболизмот и помага во слабеењето. Токму затоа секоја диета препорачува пиење на барем 2 литри вода дневно. Консумирањето на 1-2 чаши вода пред оброк значително го намалува апетитот и води до внесување на помал број калории. Но, освен тоа, водата го забрзува метаболизмот, особено ако е ладна. Кога консумирате ладна вода, телото се обидува да се затопли, а за да го направи тоа, троши дополнителни калории.
- Водата помага подобро и подолго да вежбате. Водата ја регулира телесната температура за време на вежбањето. Ако пиете доволно вода, ќе имате повеќе енергија и сила да го завршите вежбањето. Покрај тоа, водата ќе ви помогне да ги спречите грчевите на мускулите. Затоа, пијте многу вода пред вежбање, за време на вежбањето и по завршувањето на физичката активност.
- Водата го подобрува варењето на храната. Растителните влакна и водата се силна комбинација која го подобрува варењето на храната. Наспроти тоа, дехидратацијата предизвикува телото да ја апсорбира целата вода, оставајќи го дебелото црево суво, па така го отежнува процесот на дефекација.
- Водата го намалува ризикот од камен во бубрегот. Експертите предупредуваат дека честите случаи на камен во бубрегот кај децата и возрасните се последица на недоволната консумација на вода. Водата ги раствора минералите и солите во урината кои придонесуваат за создавањето на камен. Пијте доволно вода за значително да ја намалите веројатноста за појава на камен во бубрезите.
- Водата го намалува стресот и ја зголемува концентрацијата. Ако се земе во предвид фактот дека околу 80% од тежината на нашиот мозок претставува вода, тогаш не е тешко да се претпостави дека дехидратацијата е пречка за негово нормално функционирање. Недостатокот на вода му предизвикува стрес и на телото и на умот, а освен тоа ја намалува способноста за концентрација.
- Водата може да ја излечи главоболката. Главоболката често се јавува како последица од дехидратација. Во таков случај, консумирањето на неколку чаши вода ќе ви помогне да се ослободите од непријатната болка.
- Водата се бори против брчките и акните. Сметајте ја водата за природно средство кое ја негува вашата кожа на различни начини. Кога телото е дехидрирано, нежните линии и брчките се повидливи. Водата ја подобрува циркулацијата, па вашата кожа ќе придобие здрав сјај. Единствениот начин на којшто водата може да ѝ наштети на кожата е ако пречесто го миете лицето. Кожата лачи природни масла кои служат како заштита, па ако премногу често ги отстранувате, може да се соочите со сува кожа и појавување на брчки.
Wednesday, November 7, 2012
Hair basic knowledge
Human hair grows everywhere on the body except for the soles of the feet and the palms of the hands, the lips, and the eyelids, apart from eyelashes. Like skin, hair is a stratified squamous, keratinized epithelium made of multi-layered, flat cells with overlying keratin (a protein), whose rope-like filaments provide structure and strength to the hair shaft.
Hair follows a specific growth cycle with three distinct and concurrent phases: anagen, catagen, and telogen phases. Each phase has specific characteristics that determine the length of the hair. All three phases occur simultaneously; one strand of hair may be in the anagen phase, while another is in the telogen phase.
The body has different types of hair, including vellus hair and androgenic hair, each with its own type of cellular construction. The different construction gives the hair unique characteristics, serving specific purposes, mainly warmth and protection.
The three stages of hair growth are the anagen, catagen, and telogen phases. Each strand of hair on the human body is at its own stage of development. Once the cycle is complete, it restarts and a new strand of hair begins to form. The rate or speed of hair growth is about 1.25 centimeters or 0.5 inches per month, or about 15 centimeters or 6 inches per year.
[edit]Anagen phase
The anagen phase is known as the growth phase. It begins in the papilla and can last from two to six years[1][2]. The span at which the hair remains in this stage of growth is determined by genetics. The longer the hair stays in the anagen phase, the faster and longer it will grow. During this phase, the cells in the papilla divide to produce new hair fibers, and the follicle buries itself into the dermal layer of the skin to nourish the strand. About 85% of the hairs on one's head are in the anagen phase at any given time.
[edit]Catagen phase
Signals sent out by the body determine when the anagen phase ends and the catagen phase begins. The catagen phase, also known as the transitional phase, allows the follicle to, in a sense, renew itself. During this time, which lasts about two weeks, the hair follicle shrinks due to disintegration and the papilla detaches and "rests," cutting the hair strand off from its nourishing blood supply. Ultimately, the follicle is 1/6 its original length, causing the hair shaft to be pushed upward. While hair is not growing during this phase, the length of the terminal fibers increase when the follicle pushes them upward.
[edit]Telogen phase
During the telogen, or resting, phase the hair and follicle remain dormant anywhere from 1–4 months. Ten to fifteen percent of the hairs on one's head are in this phase of growth in any given time. The anagen phase begins again once the telogen phase is complete. The preceding hair strand is pushed up and out by the new, growing strand. The process causes the normal hair loss known as shedding.
Subscribe to:
Posts (Atom)