Monday, March 25, 2013

Домашни рецепти за побрзо растење на коса



Маслиново масло.
Еднаш неделно ставете ѝ на косата маслиново масло и чувајте го околу 30 минути. Потоа нормално измијте ја косата.
Алое вера и мед.
Помешајте малку гел од алое вера и една лажица мед, смесата нанесете ја на главата. Почувајте ја околу 20 минути, измијте ја.
Кромид за здрава коса.
Исечкајте еден кромид и ставете го во шишето со шампон. Оставете го да стои 15 дена и почнете нормално да го користите шампонот. Ваквиот шампон не само што го забрзува растот туку дава неверојатен сјај.
Алое вера и кромид.
Направете си шампон од алое вера и кромид. Користете го 2 до 3 пати во неделата. За поголема ефикасност комбинирајте го со регенератор од рузмарин или од авокадо.
Сок од домати.
Сварете неколку домати, исцедете ги и со водата плакнете го шампонот.
Масло од рузмарин.
Во сад ставете половина шолја маслиново масло и сув рузмарин. Ваквиот состав малку подгрејте го на шпорет или во микробранова и убаво соединете го со толчник. Оставете ги да стојат неколку дена и почнете да ги користите како масло за масирање на скалпот.
За масажа...
Изматете едно јајце, во него капнете неколку капки маслиново масло и две лажици мед. Смесата нанесете ја на скалпот и масирајте.

No comments:

Post a Comment